• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски оствари средба со шведската амбасадорка во Република Македонија, Ами Ларсон Џејн

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски оствари средба со шведската амбасадорка во Република Македонија, Ами Ларсон Џејн

Скопје, 12 октомври 2022

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Македонија, Ами Ларсон Џејн.

На средбата стана збор за економската и енергетската криза во Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го објасни планот за справување со енергетската криза и потенцираше дека за разлика од власта, ВМРО-ДПМНЕ покажува државнички капацитет со план кој е одржлив, со план со кој ќе се заштедат 300 милиони евра и ќе се обезбеди доволно струја за домаќинствата и за стопанството.

Мора да се изнајдат решенија како да се помогне на граѓаните и на бизнис секторот за да се пребродат актуелните кризи во државата, појасни претседателот Мицкоски на средбата.

На средбата се зборуваше и за следните чекори на Република Македонија за интеграциите кон Европската Унија, на што претседателот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што од самите зачетоци зборува дека патот на Македонија е во ЕУ и тоа во континуитет се бори и го прави. Меѓутоа, процесот треба да биде еднаков како за сите останати држави, а не истиот да биде процес со понижувања и асимилација на македонскиот народ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
 

Остани поврзан