• вторник, 31 март 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Кризата во СДС е резултат на одамна изгубениот кредибилитет на Филипче и на членови од највисокото раководство

ВМРО-ДПМНЕ: Кризата во СДС е резултат на одамна изгубениот кредибилитет на Филипче и на членови од највисокото раководство

Скопје, 30 март 2026 (МИА) - Колку и СДС и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да се претстават како жртва, стратегијата им станува попровидна, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално. 

Може да бидат иронични за анкетите, но не може да ја сменат реалноста па затоа повторно глумат жртва.

Обидите за создавање нов имиџ преку склопените пиар-пораки на Башановиќ не може да го сокријат фактот дека Филипче се наоѓа далеку од врвот на довербата кај граѓаните, ниту дека СДС е под 5 проценти доверба.

Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски останува стабилна, и тоа не е поради кампањи туку поради перцепцијата кај граѓаните дека Владата работи и има резултати.

Граѓаните може да направат разлика.

СДС има само фасада зад која стојат истите структури, истите луѓе и истите лоши пракси и не може да ја избришат колективната меморија за периодите на економска нестабилност, двоцифрена инфлација и одлуките кои директно ги засегнаа националните интереси.

Особено кога станува збор за Филипче, чиј профил останува обременет со скандали кои не може да се покријат со ниту еден пиар.

Кризата во која се наоѓаат не е резултат на никакви напади, како што стои во нивните соопштенија, туку на одамна изгубениот кредибилитет на Филипче и на членови од највисокото раководство. Тоа што се сведени на неколку проценти доверба е поради длабоко разочарување кај граѓаните.

СДС е против СДС, а тоа што измислуваат дека некој води црна кампања против нив е доказ дека се во паника. Не постои кампања што може да уништи кредибилна партија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан