• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски крши протоколи и го загрозува јавното здравје

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски крши протоколи и го загрозува јавното здравје

Скопје, 2 февруари 2022

Зошто во владата никој не носи маски? - Ковачевски крши протоколи, и го загрозува јавното здравје.

Иако на сила се протоколите за носење на маски во затворен простор, а тоа е и услов за влез во затворени објекти, Ковачевски исто како неговиот шеф Заев се става на законите и протоколите.

И додека Заев се возеше со мотори во време на карантин, Ковачевски организира седници без маски и без дистанца.

Ковачевски е опасност по здравјето на граѓаните. Државниот здравствен инспекторат да поднесе кривична пријава против Ковачевски, како одговорно лице и организатор.

Одговорност мора да има.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан