• среда, 27 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Како првите четири така и петтиот пакет на мерки ќе биде употребен за поткуп и крадење на власт

ВМРО-ДПМНЕ: Како првите четири така и петтиот пакет на мерки ќе биде употребен за поткуп и крадење на власт
Скопје, 30 јануари 2021 Од ветените 1.2 милијарди евра помош, власта даде само 340 милион евра кон граѓаните и стопанството. Но и тие мерки беа искористени за поткуп и купување на избори. Како што наведува и фондацијата Херитаге буџетот се користи за поткуп! И затоа Македонија бележи пад на сите меѓународни листи за корупција и е во друштво со земји како Лесото и Монголија. Дека мерките на Заев немаа ефект е чист факт, 55.000 луѓе останаа на улица,  државата е задолжена за над 1.5 милијарди евра за пола година. Се што прави СДСМ не е во корист на граѓаните туку во корист на партијата. Граѓаните повеќе не веруваат на овие лаги на СДСМ и Заев зошто знаат дека помош за стопанството нема, секојдневно фирми се затвораат и над 140 луѓе на ден ги губат своите работни места. Затоа потребно е оваа влада да си замине што поскоро. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан