• петок, 27 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата достигна 16,8 отсто, што е далеку повеќе од земјите во целиот регион

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата достигна 16,8 отсто, што е далеку повеќе од земјите во целиот регион
Скопје, 10 септември 2022
Инфлацијата во Македонија руши рекорди, а за жал е една од највисоките стапки во цела Европа. Во месец август измерена е официјална стапка на инфлација од 16,8%, што е далеку повеќе од земјите во целиот регион. За една година граѓаните во Македонија плаќаат двојно поскапо за основните животни продукти, леб, масло, млеко, месо, поскапо гориво електрична енергија. Со други зборови тоа што порано можеше да се купи со 500 денари денес не може ни со 1000 денари. Стандардот на граѓаните вртоглаво паѓа, а на власта на Ковачевски око не и трепнува за тоа. Згора на се, Македонија освен што најбрзо осиромашува има и најнизок раст на БДП за вториот квартал од само 2,8%. Месец Јули го завршивме со пад на индустриското производство во споредба со лани, а близу една четвртина од компаниите немаат исплатено јулски плати.
Власта на Ковачевски е концентрирана  само на криминалот и личното богатење. За тоа трошат милионски суми и богатат компании блиски до нив. Народот го оставаат да тоне се подлабоко и подлабоко во немаштија. Се правдаат дека било криза, но криза е и за другите држави кои имаат подобри резултати. Се правдаат дека нема пари, а трошат буџетски пари за секакви удопства и луксузи за себе. Вистината е дека главната причина за ваквото дереџе е тоа што на власт се наоѓа антимакедонска партија СДС.
Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан