• среда, 27 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Заклучно со вториот квартал долгот достигна 7,4 милијарди евра

ВМРО-ДПМНЕ: Заклучно со вториот квартал долгот достигна  7,4 милијарди евра
Скопје, 3 август 2021
 
Власта на Заев поради арамилукот и неодговорноста го искачи долгот на рекорден износ. Заклучно со вториот квартал долгот достигна запрепастувачки 7,4 милијарди евра Ова значи дека долгот веќе е 64,4% од БДП или над мастришките критериуми. Застрашувачки е што само во последните три месеци долгот е зголемен за 213 милиони евра. Или ако се пресмета долгот креиран во првите 6 месеци од 2021 , тогаш власта на Заев ја задолжила Македонија за 904 милиони евра нов долг. Во овие 4 години власт на Заев вкупно долгот е зголемен за цели 2,7 милијарди евра, или во просек власта ја задолжувала државата по 1,9 милиони евра дневно. Да биде полошо власта на Заев за догодина планира долгот да го искачи најмалку на 8,5 милијарди евра според планот или во превод секое семејство да го задолжат во просек по 17.000 евра. Катастрофално во секој поглед, во секој параметар, во секоја бројка. Власта на Заев освен создавање долгови ништо не направи. Бруцош од економскиот факултет со два положени испити подобро ќе ја согледаше економската состојба од Заев. Власта само се задолжува, нема капитални инвестиции, никој не знае каде одат парите. Власта ќе одговара за ова недомаќинско работење како и за криминалот и корупцијата кои ја уништија државата. Концептот Македонија за сите луѓе го ќе победи концептот на Заев базиран на поделби, криминал и корупција.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан