ВМРО-ДПМНЕ: ДС избра да молчи и да штити очигледни злоупотреби во ЈП Градски паркинг
- Демократски Сојуз имаше можност да покаже на дело дека се за декриминализација на власта, но одбра да биде соучесник во криминалот. Тоа говори за нивните принципи и избор да бидат не само заш

Скопје, 21 јануари 2022
Демократски Сојуз имаше можност да покаже на дело дека се за декриминализација на власта, но одбра да биде соучесник во криминалот. Тоа говори за нивните принципи и избор да бидат не само заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ, туку и да учествуваат.
Борче Јакимовски член на претседателството на ДС на Павле Трајанов и доскорешен директор на ЈП Градски Паркинг дозволил да се претвори претпријатието во партиски штаб од каде биле обезбедувани привилегии и бенефити за луѓе блиски до власта.
Во исто време кога граѓаните плаќале паркинг, некои одбрани лица од власта кај што партиципира Демократскиот Сојуз и нивни членови на семејствата имале можност 24/7 да паркираат бесплатно на паркинзите на ЈП Градски паркинг.
Бидејќи Демократскиот Сојуз избра да штити и да молчи пред очигледни злоупотреби, ваквите листи ќе бидат објавени пред јавноста.
Тогаш јавноста ќе види дали и зошто од плаќање на паркинг биле ослободувани возилата на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски, Мартин Попов, поранешниот директор на водовод Душко Вескоски, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, па и поранешниот градоначалник на Аеродром Златко Марин, како и други функционери од СДСМ. Дали и зошто е ослободен од плаќање и Агим, зад чиешто име стои името на Артан Груби?
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки