• сабота, 16 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку Османи е искрен во пристапот во преговорите со Бугарија, нема зошто да не ја поддржи Резолуцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку Османи е искрен во пристапот во преговорите со Бугарија, нема зошто да не ја поддржи Резолуцијата
Скопје, 8 јули 2021 Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа поради блокадата од страна на Бугарија на европскиот пат на Македонија и лошото водење на преговорите од страна на СДСМ и ДУИ, за кои протекуваа информации дека задираат во националните темели. Резолуцијата е потребна за сигурност на граѓаните, затоа што на владата која ја интересира само криминал и личен интерес не може да и се верува. После таков дебакл со европскиот пат на Македонија, Владата чиј министер е Османи треба да си даде колективна оставка. Што се однесува за резолуцијата е одраз на ставот на целата јавност, МАНУ, УКИМ, МПЦ ОА, и други релевантни чинители. Доколку Бујар Османи е искрен во своето политичко делување на поле преговори со Бугарија, тој не треба да има никаков проблем со Резолуцијата, бидејќи таа е потсетник за владата преку што не смее да помине. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан