• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Арсовска се договара со себе си кој е виновен, ЈСП пропаѓа, да си поднесе оставка зошто е неспособна

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Арсовска се договара со себе си кој е виновен, ЈСП пропаѓа, да си поднесе оставка зошто е неспособна
Скопје, 20 октомври 2022 
Вчера за Арсовска беше виновна Владата, а денес е виновен Управниот одбор на ЈСП кој што наводно го упропастил претпријатието. А Управен одбор одлучува по материјали што ќе му ги достави директорот.Сигурни сме дека не е виновна самата Арсовска, ниту пак оној несреќен директор чиј глас не го слушнавме на советот.И додека Арсовска се договара со себе кој е виновен ЈСП пропаѓа.Денес 1.000 семејства се без плата, а 1.000.000 илјади граѓани без превоз.Тоа е она што е важно и тоа е она што треба да се поправи. Добро е што градот конечно ја прифати иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата распределба на средства за плати во ЈСП А Арсовска влезе во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која и успеало да банкротира претпријатие. Таа треба да си поднесе оставка зошто е неспособна и ги измами скопјани.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан