• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев со министерот за внатрешни, обвинител и адвокат во скопски ресторан договарал заташкување на Рекет?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев со министерот за внатрешни, обвинител и адвокат во скопски ресторан договарал заташкување на Рекет?
  Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов 16.03.2021 Почитувани, СДСМ ја ишка мувата од капата со случајот Орце Камчев. Орце Камчев е во затвор затоа што парите од рекетот на Камчев се кај Зоран и Вице Заев. Токму ова го кажа и прво осудениот за рекет Бојан Јовановски. Оттука Заев треба да одговори дали е точно дека во еден ресторан на периферијата од Скопје, заедно со министерот за внатрешни работи, една обвинителка и адвокат договарале заташкување на случајот рекет и замолкнување на можниот сведок Орце Камчев? Дали е точно дека Заев јавно се заканувал со зборовите”нема да се стигне до парите-па макар и владата да падне”? Дали Луј Витон торбата со рекетираните пари е токму на улицата “младинска” во Струмица каде што е семејната куќата на Заеви? Дали на тој состанок во скопскиот ресторан е токмен план како да се заобиколи правдата? Ќе извадите докази за ова, или да вадиме? Зоран Заев еднаш криминалец-секогаш криминалец. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан