• вторник, 17 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот на новинарската екипа на ТВ 24

ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот на новинарската екипа на ТВ 24
Скопје, 14 ноември 2022

ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на новинарската екипа од сопственикот посочен каде престојува Украинецот Онишченко кој спротивно на сите процедури е последниот во низата белосветски криминалци на кој под крајно сомнителни околности власта на СДС му даде македонски пасош.

Ова е последица на нездравиот амбиент, поделбите и омразата кој подолго време се креира од власта.

Со анонимноста и тајноста на целиот случај, власта создава контраверза и замешателство во креирањето на истиот.

Ваквиот меѓународен скандал покажува дека власта која се удира во гради за ЕУ и САД, зад грб работи против нивните интереси кога тоа е врзано за пари и интереси.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се расветли целиот овој случај обвиен со контраверзи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан