ВМРО-ДПМНЕ: Голем ГАФ на обвинителот, кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст
- СООПШТЕНИЕ -

Скопје, 19 февруари 2025
Голем гаф на обвинителот.
Со изјавата дека ќе се повлече само ако се докаже тешка дисциплинска грешка Коцевски кажува дека доколку е лесна грешка или пропуст, ама да не е тежок тој ќе остане. Кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст?
Јавен обвинител не смее да има никаков пропуст ако сака и другите во државава кои треба да ги истражува да немаат никаков пропуст. Зошто тогаш тие со помал пропуст не ги ослободува како обвинител?Зошто според него мал пропуст не е причина за разрешување. Тогаш мал пропуст мал прекршок на закон не треба да се санцкионира според таа логика.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива