ВМРО-ДПМНЕ : Владата останува посветена на зголемување на животниот стандард на граѓаните во Македонија
- СООПШТЕНИЕ -Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на зголемувањето на животниот стандард и раст на платите, преку одржлив економски раст.
Скопје, 14 јануари 2025
Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на зголемување на животниот стандард на граѓаните во Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ само во првите шест месеци од преземањето на одговорноста да ја води македонската Влада, се постигнаа договори со синдикатите и се потпиша колективни договори за историски раст на платите на сите вработени во здравство и образование.
Паралелно на тоа, со септемвриската исплата следеше и историско линеарно покачување на сите пензионери од 2.500 денари кое, за исто толку, ќе продолжи и со исплатата на пензии за март месец.
Годинава ќе има повторно зголемување на минималната како и на сите останата плати.
Покачувањето на платите и зголемувањето на животниот стандард е приоритетна заложба на владата и тоа ќе се постигнува на одржлив начин преку економскиот раст.
Со ова темпо на раст на економијата и реализација на капиталните инвестиции, како и странските инвестиции дополнително ќе расте животниот стандард на граѓаните кој, само по себе, ќе овозможи одржлив и долготраен раст на платите во сите сектори во државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото: МИА архива