• петок, 14 март 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев во која Филипче бил министер, во една набавка на канцероген мазут од 22 милиони евра, помогнала со 15 милиони евра народни пари

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев во која Филипче бил министер, во една набавка на канцероген мазут од  22 милиони евра, помогнала со 15 милиони евра народни пари

Скопје, 13 март 2025 

СДС и ДУИ целиот свој мандат, го потрошија да постават лица во судството и обвинителството кои ќе ги штитат нивните криминални активности.

СДС треба да се освети и да размисли, а ако не знаат да прашаат како тече постапка за осомничени за кривични дела.

Нивниот претседател Венко Филипче иако беше министер за здравство заклучно со 16 јануари 2022, око не му трепнувало додека седел во владата на Зоран Заев и давал зелено светлo, како и пари од буџетот за набавка на канцероген мазут.

Владата на Заев во која Филипче е министер за здравство, за само една набавка на канцероген мазут во висина од 22 милиони евра, ја помогнала со 15 милиони евра народни пари.

Филипче и Заев ем го краделе, ем го труеле народот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото МИА архива

Остани поврзан