• среда, 27 ноември 2024

Влошена епидемиолошката ситуација во Хрватска

Влошена епидемиолошката ситуација во Хрватска
Загреб, 19 март 2021 (МИА) - Во изминатите два дена во Хрватска бројот на инфицирани со Ковид-19 е над 1.000 луѓе, додека според локланите медиуми, нема да има ново затворање, туку поригорозни мерки по жупании. Според порталот Индекс, Кризниот штаб ќе препорача жупаниските штабови да преземат поголема одговорност во донесувањето на конкретни мерки, во нивното спроведување и во казнување на тие што не ги почитуваат мерките. Тоа првенствено се однесува на сопствениците на различни објекти, од кафулиња до ресторани, фитнес центрите, граѓаните кои не носат или неисправно ги носат маските, како и во случаите на недозволените приватни собири. ми/

Остани поврзан