• понеделник, 23 декември 2024

ВЛЕН  на координација со претставниците во извршната власт: Чесност, отчетност и посветеност гарантира успех

ВЛЕН  на координација со претставниците во извршната власт: Чесност, отчетност и посветеност гарантира успех

Скопје, 5 септември 2024

На важен работен состанок, Коалицијата ВЛЕН вчера попладне ги собра сите лидери, министри, заменик-министри, директори и заменик-директори кои ја сочинуваат извршната власт на Република Северна Македонија. Оваа средба означува значаен момент за иднината на служењето во интерес на граѓаните со чесност, отчетност и посветеност.

На средбата се дискутираше за инвестицијата од 34,5 милиони евра за ,,Универзитетот Мајка Тереза" во Скопје, што претставува важен чекор за подобрување на образовниот систем и зголемување на можностите за нашите студенти.

Ова е доказ за посветеноста на ВЛЕН за развојот на образованието и создавањето на подобри услови за младите. Повторно потврдуваме дека нашите завети кон граѓаните се: ефикасност, транспарентност и жестока борба против корупцијата.

Овие принципи ќе бидат основата на секое наше дејствување во Владата и ќе бидат наши водечки светилници. Посебно се залагаме за европскиот пат на државата и ќе работиме на поскорешно членство во Европската унија.

Визијата за интеграција во Европската унија е клучна за нашата иднина и развој, и ние сме посветени на спроведување на реформи кои ќе ја унапредат нашата позиција во регионот и пошироко.

По разочарувачкиот однос кон институциите од страна на ДУИ и нивните сателити, ја нагласуваме важноста на создавање на силни и независни институции кои ќе служат како гаранција за заштита на интересите на граѓаните и за подобрување на нивниот секојдневен живот. Наша цел е да изградиме систем што ќе биде одговорен и доверлив.

Ние ќе продолжиме да работиме за Влада која е посветена на одржливиот развој на земјата и која ги почитува принципите на демократијата и отчетноста.

ВЛЕН е подготвен да ја донесе многу очекуваната промена и да им даде на граѓаните она што го заслужуваат: Влада која работи за нив и со нив. Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат во нашата мисија за изградба на подобра и посветла иднина за нашата земја.

ВЛЕН

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВЛЕН

Остани поврзан