• сабота, 06 декември 2025

Владев: Вложуваме во секоја област во Свети Николе, градот доби и нова противпожарна станица

Владев: Вложуваме во секоја област во Свети Николе, градот доби и нова противпожарна станица

Скопје, 23 август 2025

На денешниот настан во организација Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое што МИА го пренесува интегрално.

Владев посочи дека во градоначалничкиот мандат во општината се инвестира во секое поле без исклучок. 

„Општина Свети Николе има вложено во повеќе делови, еден дел од тоа е изградбата на новата противпожарна станица, општина Свети Николе има една од најмодерните противпожарни станици на територијата на Република Македонија“, вели Владев. 

Според Владев се инвестира и во инфраструктурата, во најмладите, во културата и слично. 

„Доста вложивме во самата инфраструктура, целиот труд на ова општина во овој четиригодишен мандат вложивме во обновувањето  на инфраструктурата, најголем дел од нашето време го потрошивме за обезбедување на најосновните услови, доста вложивме и во спортот, направивме четири детски игралишта, направивме во новиот парк нов центар за дружба на младите. Вложуваме и во културата  ја поддржуваме традицијата каде што Свети Николе е препознатливо“, кажа Владев.

 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан