• петок, 08 ноември 2024

Владеачката ФЛН партија во Алжир победи на парламентарните избори

Владеачката ФЛН партија во Алжир победи на парламентарните избори
Алжир, 15 јуни 2021 (МИА) - Владеачката партија во Алжир, Националниот ослободителен фронт (ФЛН), победи на парламентарните избори што се одржаа во саботата, соопшти вечерва Независната изборна комисија. ФЛН освои 107 од 407 места во парламентот, соопшти Комисијата, додавајќи дека независните кандидати освоија 78 места. Главната исламистичка формација МСП, која прогласи победа веднаш по изборите, е на третото место со 64 места. Изборите беа одбележани со слаб одзив на гласачите. Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун го распушти парламентот на 21 февруари и распиша предвремени парламентарни избори за 12 јуни со намера да го консолидира своето владеење, после континуираните продемократски протести на движењето Хирак. сд/

Остани поврзан