• сабота, 23 ноември 2024

Влада: Штрајкот на М-НАВ е одложен, ќе се работи на отворените прашања

Влада: Штрајкот на М-НАВ е одложен, ќе се работи на отворените прашања

Скопје, 12 октомври 2023 (МИА) - Владата соопшти дека е постигната согласност да се работи на отворените прашања од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) со што е овозможено авионскиот сообраќај да се одвива редовно.

Според Владата, согласноста е постигната на состанокот одржан во Министерството за транспорт и врски, со претставници од Синдикатот на М-НАВ (ССКЛ) и менаџментот на претпријатието за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација, М-НАВ АД Скопје, а во меѓу време продолжуваат координациите во ресорното Министерство со цел целосно реализирање на преземените обврски од двете страни.

-Владата смета дека потпишаниот колективен договор, одлуката за ангажирање консултантска фирма која професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието и согласноста за подигнување на нивото на транспарентноста за сите прашања и изработка на студија што ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието покажува дека низ функционален дијалог се можни решенија. Ваквиот одговорен пристап од сите страни е соодветен начин на решавање на отворените прашања во интерес на граѓаните и јавноста, наведува владината прес-служба. мч/дма/

фото: МИА архива

Остани поврзан