• сабота, 23 ноември 2024

Владата ќе ја одржи редовната 101-ва седница

Владата ќе ја одржи редовната 101-ва седница
Скопје, 24 август 2021 (МИА) - Информацијата со Извештај за реализирани активности за 2020 година од Националната стратегија за развој на концептот за „Едно општество за сите и интеркултурализам“ и Акцискиот план за спроведување на стратегијата за 2021-2022 година е на дневниот ред на денешната редовна седница на Владата на Република Северна Македонија. На 101-ва седница денеска Владата ќе разгледува и повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста. Согласно дневниот ред, на седницата ќе биде разгледана и Информација за ставање на вино во промет и извоз, произведено од винско грозје од берба 2020 година, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што е најавено, ќе биде разгледана Информација за пристапување на Република Северна Македонија на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за Црноморска економска соработка. цр/лв/

Остани поврзан