• четврток, 26 декември 2024

Владата работи на нов закон за здруженија и фондации

Владата работи на нов закон за здруженија и фондации
Скопје, 20 ноември 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со нивинарите најави дека Владата работи на ново системнско законско решение за здруженијата и финдациите. - Од моја страна беше најавено дека ќе и предложам на Владата. Владата излезе со решение дека ќе има нов закон кој што веќе почнува да се работи и новиот закон ќе биде испратен до Венењцијанската Комисија пред да биде усвоен, што значи истата цел се постигнува. Меѓутоа, тоа е пристапот на Владата. Мора да се разговара дополнително. Меѓутоа првите индикации од Владата се дека треба нов закон, бидејќи ова беше решение ад хок, решение за моментот. Сега се прави ново системско решение за законот за здруженијата, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање во која фаза е најавата за испраќање на Законот за здруженијата до Венецијанската Комисија. фф/мч/

Остани поврзан