• вторник, 24 декември 2024

Владата препорача продавниците, штандовите и киосците да работат за време на новогодишните и божиќните празници

Владата препорача продавниците, штандовите и киосците да работат за време на новогодишните и божиќните празници

Скопје, 28 декември 2023 (МИА) - Владата препорачува за време на новогодишните и божиќните празници, односно на 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година и 7 јануари и 8 јануари 2024 година да работат продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало. Предлагач е Министерството за економија.

Оваа препорака е од денешната 214-та владина седница. 

Како што информира владината прес-служба, целта на оваа препорака е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови).

- Исто така за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе придонесат во растот на потрошувачката во државата, се наведува во соопштението од Владата. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан