• сабота, 21 декември 2024

Владата на Џорџа Мелони доби доверба и од Сенатот

Владата на Џорџа Мелони доби доверба и од Сенатот
Рим, 26 октомври 2022 (МИА) - Новата италијанска екстремно десничарска влада на Џорџа Мелони лесно го доби вториот и последен од двата гласа за доверба во парламентот. За време на вечерашното гласање во Сенатот, 115 сенатори гласаа за поддршка на нејзиниот коалициски кабинет, а 79 гласаа против; петмина беа воздржани. На коалицијата и беа потребни најмалку 104 гласа за целосно мнозинство. Долниот дом на италијанскиот Парламент вчера ја поддржа владата на Мелони. зш/

Остани поврзан