• вторник, 14 јануари 2025

Владата на Мали запленила три тони злато од канадската компанија Барик

Владата на Мали запленила три тони злато од канадската компанија Барик

Бамако, 14 јануари 2025 (МИА) - Владата на Мали денеска почна да го запленува златото на канадската рударска компанија Барик, како дел од правната битка за дел од приходите што и се должат на оваа западноафриканска земја, се наведува во писмото на комапнијата.

Запленувањето следи по предупредувачкото писмо до Барик претходно овој месец од Високиот истражен суд на Мали, во кој се вели дека ќе бидат запленети три тони злато.

Висок менаџер на Барика вчера потврди дека владата на Мали запленила три тони злато.

Според менаџерот, златото било извадено од рудник во близина на Кејс, на западот од земјата,и било транспортирано со авион и камион во главниот град на Мали, Бамако.

Запленетото злато се проценува на околу 180 милиони.

Мали е еден од водечките африкански производители на злато, но со години се бори со насилство и високи стапки на сиромаштија и глад.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан