• сабота, 16 ноември 2024

Владата на Кувајт поднесе оставка

Владата на Кувајт поднесе оставка
Кувајт, 12 јануари 2021 (МИА) - Владата на Кувајт денеска поднесе оставка, по низата конфликти меѓу Владата и пратениците, кои долго време ја отежнуваа работата на најсилниот Парламент во Персискиот Залив. Министрите поднесоа оставки откако неодамна избраните членови на Парламентот, од кои повеќе од 60 проценти се нови, го критикуваа премиерот Сабах ал-Калид ал-Сабах за изборот на членови на кабинетот. Одлуката за именување на стариот претседател на Парламентот, кој потекнува од богато трговско семејство, предизвика гнев кај пратениците, кои се скептични кон прашањето за корупцијата. Премиерот сега треба да ги предаде оставките на владејачкиот емир, шеикот Наваф Ал Ахмад ал-Сабах, кој најверојатно ќе ги прифати. паг/  

Остани поврзан