• петок, 05 декември 2025

Владата на Грузија богато ќе ги награди кошаркарите

Владата на Грузија богато ќе ги награди кошаркарите

Тбилиси, 8.септември 2025 (МИА) – Владата на Грузија донесе одлука за награда на кошаркарската репрезентација за пласманот во четвртфиналето на Евробаскет 2025. Наградата ќе изнесува околу 950 илјади евра (три милиони лари), а секоја следна победа ќе биде наградена со истиот износ, објави премиерот Иракли Кобахидзе. Воедно тој им честиташе на играчите за историскиот резултат.

Ова е за првпат една репрезентација на оваа држава да биде пласирана меѓу осумте на едно европско натпреварување. Исто така премиерот ја истакна и одличната работа на кошаркарската федерација на Грузија.

Репрезентацијата на Грузија во осминафиналето ја елиминираше Франција, а во среда во четвртфиналето ќе игра против Финска. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан