Владата именуваше нов директор на ЈП Службен весник
- Владата на денешната седница ја именуваше Кристина Јоакимовска за в.д. директор на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.

Скопје, 15 февруари 2023 (МИА) - Владата на денешната седница ја именуваше Кристина Јоакимовска за в.д. директор на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.
Како што пренесуваат од Владата, на денешната, 129-та владина седница, по точката за кадровски прашања Владата донела одлука да го разреши Владимир Кроневски од должноста директор на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија и да ја именува Кристина Јоакимовска за в.д. директор на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија. ар/aa/