• петок, 22 ноември 2024

Владата е тука да помогне и годинава, рече Заев запрашан дали очекува мирен гроздобер

Владата е тука да помогне и годинава, рече Заев запрашан дали очекува мирен гроздобер
Кавадарци, 6 јуни 2021 (МИА) - Владата е тука да поддржи и да помогне и оваа година, сигурно ќе развиеме планови и политики за да помогнеме и да поддржиме се со конечна цел,  за вакви тешки моменти коишто предизвикаа рефлексија и навистина погоденост во многу гранки. Вака одговори премиерот Зоран Заев, запрашан каква е состојбата во лозарството и дали очекува мирна откупна година. - Оваа е една од најзначајните земјоделски гранки во нашата земја, државата да се најде, да биде столб, односно да му биде поткрепа на целиот наш народ за да ги дочекаме и добрите години коишто се надеваме дека ќе дојдат веќе после одминувањето на пандемијата, нагласи премиерот. Тој рече дека навистина е многу значајно навремено да се прават сите подготовки. - Како што знаете и лани, благодарение на навремените подготовки затворивме ситуација во која повеќе од 50 проценти државата ги плати парите на лозарите отколку 45 проценти откупувачите. Но, тоа беше екот на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и навистина покажавме државен интервенционизам на сила. Тој даде резултат заради тоа што кога доаѓаат и тешките времиња треба државата да се најде, додаде Заев. Тој рече дека следуваат периодите кога треба да се исплати остатокот од двата денари од ланската година, но се завршуваат и постапките на оние мали трошоци коишто останаа и не се се уште исплатени на граѓаните од Повардарие лично, за да може да се заокружи  целиот тој процес. - Она што е важно оваа година, исто така најавите не се добри. Зошто? Заради тоа што пандемијата се уште постои. Се уште до пред некој месец скоро целиот свет а посебно и нашите пазари македонски, тоа се европските пазари, беа затворени рестораните, кафетериите, тоа ја намалува и потрошувачката на виното. Но, дефинитивно е подобро од лани. Гледаме по залихите коишто се во визбите, но дефинитивно не става во алармантна позиција да се поставиме соодветно за да можеме да бидеме од помош, истакна премиерот. Тој додаде дека пресекот се прави на крајот на полугодието. - Значи  на крајот на јуни ние ќе го знаеме отприлика пресекот на визбите, количините, резервите, но и секако потенцијалните договори за продажба на виното, пред се наливното, но и флашираното вино и оттука ги разгледуваме сите политики.  Сакам преку ова ваше прашање да ги охрабрам граѓаните да сметаат на својата Влада, дециден беше премиерот. свд/фф/

Остани поврзан