• четврток, 07 ноември 2024

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на општината Сарај

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на општината Сарај

Скопје, 18 јуни 2024 (МИА) - На предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата на денешната 27. седница, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Одлуката за престанок на мандатот по сила на Закон за градоначалникот на општината Сарај и донесе Одлука за престанок на мандатот по сила на Закон за градоначалникот на општината Сарај, по верификацијата на неговиот мандат како пратеник.

Владата денеска ја одржа 27 седница, на која, како што информираат од владината прес-служба, на барање на Министерството за здравство, донесе препораки во врска со новиот топлотен бран што се очекува од утре да ја зафати целата држава.

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети се повлече од функцијата градоначалник откако му беше верификуван пратеничкиот мандат во Собранието, како пратеник од редовите на ДУИ.  аа/вј/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан