• вторник, 24 декември 2024

Владата донесе Одлука за почнување постапка за избор на универзален снабдувач на електрична енергија

Владата донесе Одлука за почнување постапка за избор на универзален снабдувач на електрична енергија

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) - Владата на денешната седница донесе Одлука за почнување постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. Универзалниот снабдувач ќе биде должен да врши снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи кои се наоѓаат на подрачјето на кое има обврска да обезбеди универзална услуга и кои избрале да бидат снабдувани од него, во согласност со обврските утврдени со Законот за енергетика и правилата за снабдување.

Како што соопшти владината прес-служба, универзалниот снабдувач, согласно законот, ќе биде должен да обезбеди универзална услуга за период не подолг од пет години.

Во следниот период, ќе се подготвува тендерската документација и јавниот повик со цел заштита на интересите на граѓаните и малите потрошувачи.

-Изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија, потсетува Владата. мч/лв/

фото: МИА архива

Остани поврзан