• четврток, 04 декември 2025

Виљареал потроши рекордна сума пари за Португалецот Веига

Виљареал потроши рекордна сума пари за Португалецот Веига


Мадрид, 22 август 2025 (МИА) – Поранешниот играч на Челзи, Ренато Веига, е нов фудбалер на Виљареал, објави денеска шпанскиот прволигаш.
Веига потпиша седумгодишен договор со Виљареал, а шпанскиот клуб не ја наведе вредноста на трансферот во своето соопштение. Сепак, добро информираниот инсајдер Фабрицио Романо објави дека тоа е најскапата аквизиција во историјата на Виљареал, бидејќи шпанскиот клуб му платил на Челзи 29,5 милиони евра за 22-годишниот португалски дефанзивец, вклучувајќи ги и бонусите.
„Ренато Веига е врвен левоног стопер, висок, силен и технички надарен. Тој се издвојува по својата физичка сила, способност во дуели еден на еден и одличен шут. Освен што може да игра на двете страни од централната одбрана, може да игра и како лев бек или дури и како играч од средниот ред. Вистински дефанзивец на ниво на Лигата на шампионите“, пишува на веб-страницата на Виљареал.
Веига дојде во Челзи во јули минатата година од Базел, додека вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Јувентус.
Дебитираше за португалската репрезентација во октомври минатата година.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан