• петок, 08 ноември 2024

Вијести: Ѓукановиќ вети дека ќе се повлече од политиката, но под негови услови

Вијести: Ѓукановиќ вети дека ќе се повлече од политиката, но под негови услови
Подгорица, 5 јули  2022 (МИА) - Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, постигна договор со водечките лидери на ЕУ, односно им даде ветување дека ќе се повлече од политичкиот живот под услов да му биде дозволено да го направи тоа како што тој замислил. односно на негов начин, пишува денеска подгоричкиот дневен весник „Вијести“.
„Ѓукановиќ стави до знаење дека тој, доколку е пречка за побрза европска интеграција на Црна Гора, е подготвен да направи чекор назад и да се повлече од власта, но побара да му се дозволи достоинствено да се повлече од политичката сцена и на свој начин. Од клучните фигури во ЕУ, Ѓукановиќ доби поддршка за таквиот чин, а доколку остане на зборот, тоа ќе биде целосно фер решение за ЕУ“, изјави за „Вијести“ извор од една од водечките земји-членки на ЕУ.
Весникот наведува дека претседателот Ѓукановиќ во последно време бил поконструктивен од кога било кога е во прашање европскиот пат на Црна Гора.
Тврдењата дека ЕУ побарала од него да се повлече од политичката сцена затоа што е пречка за евроинтеграциите ги објавуваа и претходно медиумите, што Ѓукановиќ негираше со оценка дека сам ќе одлучи дали и кога ќе се повлече. паг/
   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан