• сабота, 23 ноември 2024

Вишокот килограми носи опасност од рак на бубрезите и на дебелото црево

Вишокот килограми носи опасност од рак на бубрезите и на дебелото црево

Малме, 15 мај 2023 (МИА) - Лицата со прекумерна тежина се соочуваат со зголемена можност од рак - дури и кога се чини оти се медицински здрави, посочува истражување на Универзитетот Лунд во Малме, Шведска.

Истражувачите проучувале здравствени податоци на речиси 800.000 жители на Европа. Така, откриено е дека најзагрозени се обезните луѓе со метаболички компликации. Нормалниот крвен притисок, холестерол и ниво на шеќер во крвта не се гаранција за оние кои имаат прекумерна тежина, велат наводите.

„Овие наоди се дополнителен доказ против тоа дека луѓето може да бидат дебели, но фит“, нагласуваат стручњаците.

Авторот на испитувањата, д-р Минг Сан смета дека многу случаи на рак веројатно би можеле да се спречат со таргетирање на коегзистенција на метаболичките проблеми и прекумерната тежина.

Метаболички здрави мажи со прекумерна тежина имале 67 отсто поголема опасност од рак на бубрезите и 42 насто поголема опасност од рак на дебелото црево. Сепак, поврзаноста со ракот на панкреасот и ракот на ректумот нема таква статистички значајност, според истражувачите.

Вишокот килограми го зголемуваат ризикот од рак на крвта, наречен мултипен миелом, за 50 отсто. Сепак, изненадувачки е тоа што ниту метаболички здрави, ни нездрави обезни мажи тука не биле посклони кон овој вид рак, од врсниците со нормална тежина.  си/сд/

Фото: Пиксабеј.

Остани поврзан