• вторник, 24 декември 2024

Вишеградската група ги поздравува договорите потпишани во Скопје

Вишеградската група ги поздравува договорите потпишани во Скопје
Белград, 30 јули 2021 (МИА) – Земјите членки на Вишеградската група ги поздравија договорите кои во Скопје ги потпишаа Северна Македонија, Србија, и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград. Министрите за надворешни работи на Унгарија, Чешка, Словачка и Полска, земјите што ја сочинуваат Вишеградската група, изјавија дека веруваат оти таквата силна соработка меѓу земјите од Западен Балкан ќе придонесе за стабилноста и развојот на регионот. -Вишеградските земји продолжуваат да го поддржуваат забрзувањето на процесот на проширување на Европската унија, изјавија унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, чешкиот министер Јакуб Кулханек, словачкиот Иван Корчок и полскиот министер Збигњев Рау, соопшти РТС. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, потпишаа три документи во Скопје што ќе ја олеснат трговијата во регионот и ќе овозможат единствен пазар на труд, но и заемна помош во итни ситуации. Лидерите на трите земји на регионалниот економски форум, како дел од иницијативата Мини Шенген, потпишаа Меморандум за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки на Западен Балкан, Меморандум за разбирање за соработка за слободен пристап до пазарот на трудот во ЗБ и договор за соработка во заштита од катастрофи на зБ. Во Скопје договорено е новото име за „Мини Шенген“ да биде „Отворен Балкан“. об/

Остани поврзан