• сабота, 23 ноември 2024

Вицепремиерот Николоски пред амбасадорката Дрекслер ги претставил плановите за инфраструктурен развој

Вицепремиерот Николоски пред амбасадорката Дрекслер ги претставил плановите за инфраструктурен развој

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) -  Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер денеска на работна средба разговарале за актуелните економски и политички прашања во земјава и регионот и за инвестициската програма на Владата во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти.

Министерот Николоски ја запознал амбасадорката за плановите на Владата за инфраструктурен развој на земјата и идејата за квалитетно и брзо поврзување на Македонија и регионот со земјите од Централна Европа.
 
Како што соопшти Министерството за транспорт, на средбата биле потврдени добрите билатерални односи со Германија, при што министерот Николоски ја нагласил важноста на пријателскиот и партнерски однос меѓу двете земји.

 
- Германија е силен поддржувач на Македонија во нејзиниот развој, рече министерот Николоски, потенцирајќи дека Владата е силно фокусирана на европските интеграции и спроведување на реформите. Министерот изрази благодарност за досегашната соработка при што беше искажана согласност за интензивирање на таквата соработка во различни области од заеднички интерес, соопшти Министерството за транспорт. лв/дма/

фото: Министерство за транспорт 
 
 

Остани поврзан