• вторник, 24 декември 2024

Вицепремиерот Битиќи на доделување дипломи на Меѓународниот балкански универзитет

Вицепремиерот Битиќи на доделување дипломи на Меѓународниот балкански универзитет
Скопје, 13 октомври 2021 (МИА) - Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на Меѓународниот балкански универзитет (International Balkan University), денеска присуствуваше и се обрати на завршната церемонија на која беа доделени дипломи за завршените студенти од генерацииите 2020 и 2021, кои дипломирале на Универзитетот. На настанот, воведни обраќања имале и амбасадорот на Турција во Северна Македонија, Хасан Мемет Секизкок, ректорот на Меѓународниот Балкански универзитет, проф. д-р Мемет Дурсун Ердем и Претседателот на управувачкиот одбор на универзитетот, Ајдован Адемовски. Во обраќањето на церемонијата, вицепремиерот Битиќи им го честитал дипломирањето на студентите и порачал дека инвестицијата во сопственото образование е најисплатлива инвестиција на долг рок, за секој еден човек. - Од искуство можам да ви потврдам дека секој вложен труд во едукација, секоја прочитана книга, секоја конструктивна дискусија, секое различно формално или неформално образование, на некој начин ве гради Вас како луѓе, ви носи нови перспективи и погледи на работите околу вас. Доброто и квалитетно образованието ги насочува младите како да размислуваат, како правилно да функционираат, им овозможува да носат добри одлуки, само преку образованите можеме максимално да го искористиме својот потенцијал и да имаме услови за благосостојба и убав живот. Знаењето стекнато преку образованието е единствениот пат кон слободата, кон независноста, и тоа како на материјалната така и на духовната независност. Едукацијата ни помага во градењето на карактерот, создава здрави навики, поттикнува позитивно размислување и не тера да гледаме кон иднината, нагласил Битиќи, стои во соопштението од кабинетот на вицепремиерот Битиќи. Вицепремиерот додал дека квалитетното образование е основа за зголемување на можности и носење правилни одлуки во животот, а наградата од вложување во едукацијата секако ќе стигне до секој оној кој вложувал во себе. - Вие сте иднината на нашата земја. Би сакал да уште еднаш да потврдам дека Владата на Република Северна Македонија е целосно посветена, да создава еднакви можности за сите, како и да креира клима за успех на младите. Ќе направиме се што е во нашите можности, за да го унапредиме старт-ап еко системот, да ги поддржиме и поттикнеме младите претриемачи. Работиме напорно за да обезбедиме добра основа за сите млади луѓе, за да вие бидете пионери на четвртата индустриска револуција. Ваша задача е да сонувате и да работите и на тој начин да го остварите вашиот сон. Наша задача, како Влада, е да создаваме можности да вашите соништа станат реалност, тука, во Северна Македонија. Еднакви можности, исти права и квалитет за живот за сите, потенцирал вицепремиерот Битиќи во обраќањето пред дипломираните студенти од Меѓународниот Балкански универзитет. цр/хс/

Остани поврзан