Виткаст, стаклен мост: Дело на човечка рака или на вештачката нтелигенција?
- Но овој виткаст, стаклен мост, во три дела, навистина постои, а неговиот највисок дел е висок лак, до чиј врв водат скали
Пекинг, 29 јануари 2026 (МИА) - Мостот Руји во кинеската провинција Џеџанг, стана вистински хит на социјалните мрежи. Поради својот необичен дизајн, многумина помислиле дека не е вистински, туку дека е дело на вештачката интелигенција. Но овој виткаст, стаклен мост, во три дела, навистина постои, а неговиот највисок дел е висок лак, до чиј врв водат скали.
Името, но и обликот, „Руји“ го добива по истоименото церемонијално жезло, кое во кинеската култура е знак за моќ и среќа. мв/са/
Фото: Фејсбук