Висок пораз на ЖРК Ѓорче Петров на гостувањето кај Елче во четвртфиналето на ЕХФ Купот
- Ракометарките на Ѓорче Петров попладнево се поразени од Елче на гостувањето во Шпанија со 36:21 во првиот натпревар од четвртфиналната пресметка во ЕХФ Купот.

Елче, 10 март 2024 (МИА) – Ракометарките на Ѓорче Петров попладнево се поразени од Елче на гостувањето во Шпанија со 36:21 во првиот натпревар од четвртфиналната пресметка во ЕХФ Купот.
Поразот за македонскиот претставник се наѕираше веќе на полувремето кое Шпанките го решија во своја полза со 14:10. Сепак двоцифрен убедлив пораз ѓорчепетровки не заслужија со оглед на тоа дека на петнаесетина минути до крајот имаа само три гола негатива (18:21).
Реваншот е закажан по седум дена во Скопје. За македонскиот остануваат само теоретски шанси за пласман во полуфиналето. зс/