• вторник, 26 ноември 2024

Вински музеј и Музеј галерија Кавадарци ја промовираа книгата „Ваташа"

Вински музеј и Музеј галерија Кавадарци ја промовираа книгата „Ваташа

Кавадарци, 16 јуни 2024 (МИА) - Вински музеј и Музеј галерија Кавадарци синоќа ја промовираа книгата „Ваташа", по повод 81-годишнината од стрелањето на 12 ваташки младинци, од страна на тогашниот бугарски фашистички окупатор. Станува збор за драмски ораториум од драматургот Зоран Пејковски.

- Работен е врз основа на минатогодишното дело „Мемоари - сеќавање" во издание на Вински музеј,  што пак претставува еден вид реконструкција на настаните пред и после тој кобен ден 16 јуни 1943 година, врз основа на сведештва на блиски другари, роднини и сопартијци, рече Весела Честоева, директорка на Вински музеј, упатувајќи благодарност до кавадаречкиот градоначалник и Советот на Општината. 

Четворица актери изведоа драматизација од овој ораториум. 

Рецензенти на делото се Марјан Патлиџанковски и Александар Јордановски. Пред присутните се обратија и Јордановски и Пејковски, како и директорот на Музеј галеријата, Јаким Зимоски, и претседателот на општинскиот Совет, Стојанче Рамов. 

Во текот на денешниот ден, ќе биде положено цвеќе пред споменикот на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа, а ќе има и културно уметничка програма. свд/хс/

Фото: МИА 

Остани поврзан