• среда, 25 декември 2024

„Винска школа“ во Скопје

„Винска школа“ во Скопје

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) - Во организација на Регионалната иницијатива за рурална соработка (The Regional Rural Development Standing Working Group in South Eastern Europe - SWG), од денеска до сабота во Скопје ќе се одржува „Винска школа“.

Во рамки на „Винската школа“ учесниците ќе добијат знаења од областа на лозарството, базирани на најновите техники и иновации. Предавањата ќе бидат организирани во два модула „Меѓународен вински маркетинг и промоција на локалниот вински туризам“ и „Климатски промени во лозарството и енологијата“.

Предавачи, како што најавуваат организаторите, ќе бидат искусни експерти од областа на руралните политики, иновативните земјоделски практики и лозарството од земјава и од странство.

SWG е меѓувладина организација, основана 2005 година на Земјоделскиот политички форум, како платформа за политички дијалог и соработка во областите - рурална политика и развој и земјоделие. Во иницијативата се вклучени државните институции надлежни за овие области на Северна Македонија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора и Република Српска. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан