• вторник, 24 декември 2024

Вилијан одби уште една понуда од Челси

Вилијан одби уште една понуда од Челси
Лондон, 3 август 2020 (МИА) - Челси упати ажурирана понуда до Вилијан за нов договор, објави „Гардијан“. „Сините“ понудија двегодишен договор, но 31-годишниот Бразилец не се согласи бидејќи инсистира на тригодишен договор. Во исто време, менаџерот на „сините“ Френк Лампард сака клубот да го задржи играчот. Во сезоната 2019/20, Вилијан настапи на 47 мечеви за Челси, откако реализираше 11 голови и 9 асистенции. Веројатно неговиот последен натпревар со екипата од Лондон“ ќе биде реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Баерн (Минхен) в сабота. Се повеќе се шпекулира дека Бразилецот ќе ја продолжи кариерата во Арсенал.

Тагови

Остани поврзан