• сабота, 23 ноември 2024

Викторија Бекам побарала помош од британската Влада за својата модна компанија

Викторија Бекам побарала помош од британската Влада за својата модна компанија
Лондон,24 април 2020 (МИА) -Викторија Бекам побарала помош за својата модна компанија од фондот на британската Влада наменет за компании кои имаат проблеми поради епидемијата на коронавирусот. Викторија Бекам претходно ги извести 30-мината вработени во нејзиниот моден бизнис дека ќе им ги намали платите во согласност со процедурата на Владата на Велика Британија, за санирање на последиците од пандемијата на коронавирусот. Со овој чекор, таа на себе навлече лутина и незадоволство од јавноста. Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, некогашна членка на групата Спасј Грлс, имаат имот вреден најмалку 380 милиони евра, а Викторија поседува колекција чанти во вредност од 1,5 милион фунти (1,7 милиони евра). јт/

Остани поврзан