• понеделник, 26 август 2024

Википедија на македонски јазик организира работилница на тема „Тетово“

Википедија на македонски јазик организира работилница на тема „Тетово“
Тетово, 5 септември 2022 (МИА) - Здружението „Споделено знаење“, кое се занимава со умножување на статиите на Википедија на македонски јазик, во Тетово ќе одржи четиричасовна работилница на темата „Тетово“. Заинтересираните учесници ќе можат да пишуваат статии поврзани со градот со цел полесно стекнување на знаење за Тетово преку Википедија на македонски јазик и негова промоција. -Заинтересираните ќе можат да учествуваат на два начини: Едни кои ќе можат да уредуваат за време на работилницата (таквите лица ќе пишуваат преку литература обезбедена од Споделено знаење, но можат да си понесат и своја литература и извори да бидат користени како фусноти во содржината што ќе ја внесуваат) и лица кои пред да биде одржана работилницата, ќе ги фотографираат знаменитостите, установите и други зданија во Тетово и кои за време на работилницата ќе ги поставуваат сликите на сестринската платформа на Википедија - Wikimedia Commons, информира Никола Милошевски од Здружението „Споделно знаење“. Одржувањето на работилницата во Тетово ќе биде на 16 септември во периодот од 11 до 15 часот во просториите на ИРЗ Македонија на бул. „Маршал Тито“ бр. 86. ас/цр  

Остани поврзан