• петок, 05 декември 2025

Виетнамската женска јуниорска репрезентација дисквалификувана поради неуспешни тестови за утврдување на полот

Виетнамската женска јуниорска репрезентација дисквалификувана поради неуспешни тестови за утврдување на полот

Џакарта, 13 август 2025 (МИА) – Светската одбојкарска федерација (FIVB) ги поништи резултатите на виетнамската женска репрезентација остварени на Светското јуниорско првенство, објави „Џакарта Глоуб“.

Одлуката е донесена откако тимот не ги положил тестовите за утврдување на полот. 

Според изворот, двајца играчи во националниот тим на Виетнам биле идентификувани како мажи.

Прес-службата на FIVB соопшти дека еден играч немал право да учествува на турнирот поради „прекршување на дисциплинските прописи“. зс/

Фото: архива ЕПА 

Остани поврзан