• понеделник, 23 декември 2024

Видео реклама на САС под жестока критика во Скандинавија (видео)

Видео реклама на САС под жестока критика во Скандинавија (видео)
Стокхолм, 13 февруари 2020 (МИА) - Новата реклама на Скандинавската авиокомпанија Данска-Норвешка-Шведска (САС) предизвика гнев во интернет просторот. Причина за тоа е, наводно, тврдењето во видеото за недостаток на изворни културни вредности кај Скандинавците. Во спотот се вели дека сè што е скандинавско всушност е позајмено од други народи и оти во овој дел од Европа - нема ништо „скандинавско”. https://www.youtube.com/watch?v=Ijhh5J48X9k Шведските ќофтиња, на пример, се посочува дека биле преземени од Турција, ветерниците биле измислени во Персија, а спојувалките се американски производ. Идејата на создавачите на рекламата била да ја покажат важноста на културната размена што се случува кога патниците се враќаат дома со добри идеи. Многу од гледачите, сепак, сметаат дека рекламата е навредлива и понижувачка за скандинавските изворни вредности. Објавата на Јутјуб досега има над 50.000 „дислајкови”, односно неодобрувања. Се среќаваат и критики дека авторите не го почитуваат своето културно наследство и оти скандинавските земји имаат со што да се гордеат, „но не и со авиокомпанијата САС”. си/сд/

Остани поврзан