Видал во очекување на понуда од Интер
- Одамна е јасно дека играчот од средниот ред е посакуван од менторот на „нероазурите“ Антонио Конте. Ова се совпаѓа со желбите на Чилеанецот кој сака да игра врвен фудбал во конкурентно првенс
Милано, 9 април 2020 (МИА) - Фудбалерот на Барселона, Артуро Видал, одбил понуда од кинески клуб затоа што чека таква од Интер.
Одамна е јасно дека играчот од средниот ред е посакуван од менторот на „нероазурите“ Антонио Конте. Ова се совпаѓа со желбите на Чилеанецот кој сака да игра врвен фудбал во конкурентно првенство.
Затоа Видал чека официјална понуда од Интер. Минатото лето, играчот од средниот ред беше во фокусот на италијанскиот клуб, но не беше постигнат договор.