• вторник, 15 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Видал вечерва лета за Милано

Видал вечерва лета за Милано
Милано, 14 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал, вечерва се очекува да лета за Милано, каде ќе се пресели во Интер, пренесува „РАЦ1“. Искусниот играч постигна договор со клубот да се раздели со заедничка согласност, по што ќе потпише со „нероазурите“ како слободен агент. Видал се согласи со Барса да земе само дел од неговите преостанати плати од договорот, кој е до летото 2021 година. Денешниот тренинг на Каталонците започнува во 19:30 часот полокално време. Можно е Чилеанецот да се појави во базата пред него за да се збогува со неговите претходни соиграчи.

Тагови

Остани поврзан