• вторник, 24 декември 2024

Вељовиќ најави кривична пријава против Кривокапиќ

Вељовиќ најави кривична пријава против Кривокапиќ
Подгорица, 26 август 2021 (МИА) - Поранешниот директор на црногорската полиција Веселин Вељовиќ најави дека ќе поднесе кривична пријава против премиерот Здравко Кривокапиќ поради лажно пријавување. Најавата на Вељовиќ уследи откако премиерот на Црна Гора, Кривокапиќ вчера поднесе кривична пријава против него поради што ја повикал полицијата на непослушност. Кривокапиќ предлага Обвинителството да го уапси Вељовиќ и да му одреди мерка притвор до 30 дена, како и да поднесе обвинение до судот за наведеното кривично дело. ми/

Остани поврзан