Вештачката интелигенција може да ги идентификува жените во ризик од рак на дојка со години однапред
- Вештачката интелигенција може да идентификува жени кои имаат зголемен ризик од развој на рак на дојка неколку години пред да биде дијагностициран, соопшти денеска Норвешкиот институт за јавно здравје (ФХИ).
Осло, 28 јануари 2025 (МИА) - Вештачката интелигенција може да идентификува жени кои имаат зголемен ризик од развој на рак на дојка неколку години пред да биде дијагностициран, соопшти денеска Норвешкиот институт за јавно здравје (ФХИ).
Пет истражувачи од Институтот, Универзитетот во Калифорнија и Универзитетот во Вашингтон добија пристап до комерцијално достапна програма за вештачка интелигенција за ретроактивна анализа на мамографиите на 116.495 жени кои учествуваа во норвешката програма за детекција помеѓу 2004 и 2018 година.
Вкупно, 1.607 од жените развиле рак на дојка.
Алгоритмот можеше да предвиди кои жени имаат поголем ризик да развијат рак на дојка, па дури и да идентификува кои дојки се изложени на ризик, четири до шест години пред дијагнозата.
„Забележавме дека дојката кај која се разви рак има оценка за вештачка интелигенција околу двапати поголема од другата дојка“, рече Солвеиг Хофвинд, кој ја предводи програмата за откривање и проектот за вештачка интелигенција.
„Студијата покажува дека алгоритмите за вештачка интелигенција кои се веќе достапни на пазарот може да се користат за развој на поперсонализирани програми за откривање“, рече таа.
Вештачката интелигенција може да се користи за рано откривање на рак на дојка, за намалување на трошоците и подобро таргетирање на ризичните популации, соопшти ФХИ. паг/
Фото: МИА архива