• недела, 25 август 2024

Вечер ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим

Вечер ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим
Скопје, 23 април 2022 (МИА) - Во вечерните часови денеска, Велика сабота, во нашата држава ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим. Ќе биде преземен од свештени лица на аеродромот „Скопје” и пренесен низ епархиите на Македонската православна црква.
-Благодатниот оган секоја година, по благословот Божји, на чудотворен начин слегува во Гробот Христов. Истиот потоа се пренесува преку делегации и званични лица по сиот православен свет, соопшти Македонска православна црква Охридска архиепископија. хс/цр

Остани поврзан